Популарни корејски трикови за чиста и здрава кожа

Тие знаат како да ја одржат својата кожа младолика, свежа, и блескава

Отсекогаш сме им завидувале на корејците за нивната беспрекорна кожа која дури и во подоцнежните години изгледа мазно, затегнато и убаво. Ви споделуваме некои од нивните трикови кои има помагаат нивната кожа секогаш да биде негувана и здрава.

1.Масажа со врел пешкир
Еден од најпопуларните домашни третмани за одржување на убавата кожа е третманот со врел пешкир. Натопете фротирски пешкир со врела вода и прекријте го лицето со него. Нежно масирајте 15 минути, на крај нанесете масло од јојоба или кокос.

2.Пена за бричење против акни
Пената нанесете ја на чисто лице, благо масирајет со прстите и оставете околу 5-10 минути, па подоцна исплакнете. Процедурата се повторува 1-2 пати неделно.
Девојките во Кореа сметаат дека машката пена за бричење е една од најдобрите сретства против акни бидејќи содржи антисептичко дејство.

3.Солен тоник за чистење на лицето
Рецептот за припремање на овој тоник е еднсотавен: 1 супена лажица морска сол ставете ја во 1 чаша топла во да и добро промешајте. После секое миење, натопете туфер со овој раствор и со него протријте го лицето. Морската сол ја дезинфицира кожата, постепено ги отстанува митесерите и го смирува воспалението на кожата.

4.Соино млеко
На исток, соиното млеко се користи во куќните и професионалните козметички препарати. Еден од најстарите и наједноставни рецепти е да потопите газа во соино млеко и да ја ставите на исчистено лице и да оставите 15-20 минути. Повторувајте ја процедурата 1-2 пати неделно.




Коментари

коментари