Популарниот хип-хоп изведувач Таско е новиот член на Anti Aging Center by Promoitalia семејството!

Anti Aging Center by Promoitalia како познат и докажан бренд во полето на естетска медицина и врвната естетска дерматологија и козметологија, секогаш соработува со докажани професионалци кои се успешни во својата работа и знаат колку е важна правилната нега за својот изглед и здравјето на телото.


Убавината и нејзиното одржување е од особено значење за жените како понежен пол, но за среќа сѐ почесто сме сведоци на негувани мажи кои обрнуваат внимание на својот изглед.

Токму затоа, популарниот хип-хоп изведувач Христијан Тасковски – Таско е новиот бренд амбасадор на Anti Aging Center by Promoitalia. Како музичар кој изврши големо влијание кај македонската публика тој е свесен дека претставува пример за останатиот дел од машката популација, како преку своите музички проекти, така и преку одржувањето на здрав животен стил и грижата за својот изглед.

Живееме во модерно време кога станува сѐ појасно дека негата и здравјето не познаваат пол и возраст, а преку соработката помеѓу Таско и првиот и најдобар центар за убавина Anti Aging Center by Promoitalia ќе можете да го забележите тоа.

Како и досега, така и понатаму, Anti Aging Center by Promoitalia ќе продолжи да ги поместува стандардите во убавината и здравјето, докажувајќи дека не постојат граници кога станува збор за ефектите од третманите и услугите кои ги нудат.

Во иднина очекувајте уште многу новости и изненадувања бидејќи вашата среќа и задоволство од самите себеси е причината поради која постои Anti Aging Center by Promoitalia!




Коментари

коментари