Категории

Попусти и супер акции за новата учебна година во Скопје Сити Мол

Се ближи почетокот на новата учебна година, а тоа значи дека е време да се подготвите Вие и Вашите деца за перфектен и безбеден старт. Во овој период во Скопје Сити Мол Ве чекаат супер акции и попусти кои продавниците ги подготвија за Вас и Вашите најмили.

Во периодот што следи, во Скопје Сити Мол ќе можете да уживате во најшироката шопинг понуда и ќе можете да најдете специјални колекции и модни комбинации по намалени цени, огромен избор на училишен прибор, книги, облека и сѐ што ви е потребно за да ја започнете оваa учебна година успешно.

После долгиот и опуштен летен распуст, враќањето на старите навики на учениците може да претставува вистинска потешкотија посебно во овие нови услови: домашни задачи, многу книги, рано будење, учење… Скопје Сити Мол е тука да Ви помогне во вистинскиот избор на потребните материјали за свеж почеток на новата учебна година.

Затоа повелете во Скопје Сити Мол и уживајте во супер шопинг и забава.

Скопје Сити Мол Ви посакува перфектен и безбеден старт на учебната година.

 

Прегледи:
530
Објавено на:
11.09.2020