ПОРАДИ НЕА ОСТАВИ СЕ: Ова е девојката која му го смени животот на Мистер Бин (фото)

 

Таа има 32 години, а тој 60, а покрај сите емоции, нив ги спојува и љубовта кон комедијата, бидејќи и двајцата се одлични актери токму во тој жанр. Тој во оваа приказна е Роуан Аткинсон, незаборавниот Мистер Бин, а жената која го освои урнебесниот Британец се вика Луиз Форд.

Роуан му е предаден на актерството, но секоја улога ја остава на страна кога ќе дојде време да ја преземе должноста на близок партнер на 28 години помладата колешка.

Нивните прошетки низ Лондон сега се соосема вообичаено нешто. И додека се шетаат заедно, најчесто се држат за раце, а актерот со нежни прегратки покажува колку е всушност приврзан со оваа симпатична бринета.

Нивните допири единствено можат да ги спречат чантите и кесите, а насмевката ретко кога исчезнува од нивните лица.


Луиз и Роуан започнаа да се забавуваат минатата година, набрзо после неговиот развод од поранешната сопруга Санетри Састри, со која беше 23 години во брак и со која доби и две деца.

Првата средба на младата актерка и шармантниот комичар се случила во 2012-тата година, кога и двајцата се појавија во “Quartermaine’s Terms”.


Набрзо се јавија и симпатиите помеѓу нив двајца, а новинарите ги забележуваа и нивните чести средби во Јужен Лондон.

Роуан Аткинсон својата прва сопруга, која е ќерка на богат индиски инженер, ја запозна на BBC каде таа работела како шминкерка, а пред неа беше во врска со Лесли Еш.

Неговата сегашна партнерка Луиз Форд е родена во Лондон, а дипломирала на University of Southampton.




Коментари

коментари