Категории

Поради ОВИЕ лоши машки навики, жените се подготвени да го раскинат бракот и врската

Дали се согласувате или мислите дека има и други важни причини?

Луѓето во долгогодишна врска и брак знаат дека секоја љубовна приказна има свои подеми и падови. Да, во врската има безброј нежни моменти и периоди преполни со љубов, но и напнати ситуации исполнети со расправии и несогласувања.

Флексибилноста и подготвеноста за компромис се исклучително важни за успехот на секоја врска, особено кога доаѓаат тешки времиња. Со помош на отворена меѓусебна комуникација, сите можни проблеми во врската ќе бидат елиминирани.

Од друга страна, ова нема да биде можно ако едната страна има постојана потреба да биде во право. Иако оваа лоша навика честопати се карактеризира како „машка“, има и многу жени кои „страдаат од оваа болест“.

Ако партнерот чувствува дека треба да биде цело време во право, нема да бидат подготвен да ја слушне другата страна, нема да сака да корегира некои од своите однесувања и мислења, а врската ќе заврши порано или подоцна.

Експертите се согласуваат дека во љубовта успешни парови се оние кои го обуздале своето его, ги надминле своите незрели сфаќања за животот и оние кои се подготвени да испланираат среќна иднина со својот партнер.