Категории

Поради ваква жена некогаш се воделе војни – Кои се вистинските квалитети на една дама

Заборавете на цртите на лицето и фигурата, ево што навистина ја прави една жена убава. Ако мислите дека за убавина е доволно да се нашминкате со најдобрата шминка и да облечете брендирана облека, тогаш многу се лажете!

Со причина се вели дека убавината доаѓа од внатре, а ова се најважните женски особини кои отсекогаш биле и ќе бидат симбол на убавината на една жена.

Елеганција
Појавата, движењата, стилот и однесувањето на убавата жена зрачат со елеганција претставувајќи ја како личност која е сигурна во себе и во она што е. Елеганција е кога жената со стил ги решава проблемите, ги почитува етичките кодекси, секогаш е во склад со своите вредности и цели. Ставот на ваквата жена е цврст, но исто така таа ја обвиткува аура на мистериозност, а енергијата истовремено е силна и блага. Ваквите жени се сигурни во себе, но и ранливи. Елеганцијата е одраз на длабочината и мудроста.

Љубезност
Начинот на кој се однесувате спрема другите, како размислувате за нив и начинот на кој им се обраќате зависи од вашиот сензибилитет. Жените кои зрачат со убавина се љубезни спрема сите, дури и спрема оние за кои не им е грижа затоа што сфаќаат дека не е неопходно некој да ви се допаѓа за да го сакате. Постои веројатност дека поединци таквата љубезност ја сметаат за ранливост или слабост, таквите личности повеќе сакаат да не направат ништо. Љубезните луѓе стигнуваат најдалеку во животот.

Сталоженост
Сталоженоста е облик на самоконтрола. Животот е полн со предизвици, а без сталоженоста ризикуваме да паднеме во чести конфликти и да ги уништиме квалитетните односи со луѓето кои не опкружуваат. Сталожените луѓе добро ја разбираат старата мудра изрека „Помалку е повеќе“. Сталоженоста ќе не држи во исправена положба со високо крената глава.

Храброст
Храброста е неопходна за љубов, за промени, за чувства, за враќање, за сонување, за исполнување на целите, желбите и соништата. Храброста ја прават храбрите дела. Исто така, храброста не е викање, фалење, храброста е цврстината на нашиот карактер.

Самодоверба
Кога ќе научиме да се сакаме себеси, тогаш стекнуваме самодоверба. Самосвест, предаденост, саморазвој, да почувствуваме како да ќе успееме во се што ќе замислиме. Благодарение на самодовербата можеме да очекуваме позитивен развој на нашиот живот, затоа што знаеме да бидеме одговорни за него и за се што ни носи.

Памет
Паметот е поврзан со знаењето но и со емоциите. Кога сме свесни зошто и кога чувствуваме нешто, можеме да станеме флексибилни, полесно да поднесуваме предизвици и промени и да ги решаваме на вистински начин. Интелигентните луѓе не се плашливи, тие знаат дека секогаш постои избор. Емоционалната интелигенција значи можност секогаш да ја гледаме целината а не само делот.

Скромност
Вистински убавата жена е онаа која знае дека Земјата не се врти околу неа. Тоа е таа врста на скромност која овозможува да ги славиме туѓите успеси и достигнувања како сопствени. Кога сме во потполност задоволни со самите себе, немаме потреба од глума и преправање. Најмногу сакаме да бидеме во позадина, и да ја работиме својата работа и да постигнеме успех кој ќе зборува сам за себе. Таквата скромност е подлога на длабоките чувства и искрените желби на сите да им биде добро. Убавина е кога уживаш во животот баш онаков каков што е.

 

Прегледи:
617
Објавено на:
20.01.2020