„Порадо би била твој отров зариен во вените отколку шолја чај вкус ќе биде одамна заборавен“ – Кукла од Памук“

„Ќе бидеме вечни, можеби..
А можеби и ќе се претвориме во слика во сепија тон
која ќе лежи на дното на некоја стара кутија..
Не можам да побарам од тебе да ме сакаш,
ниту да ти бидам последна..
Но се надевам дека ќе бидам единствена..
Единствена чие име ќе ти умира на усните,
и секој пат кога ќе некој ќе го спомене
ќе го скренеш погледот кон далечината
и ќе премолчиш..
Прифаќам да ти бидам и бодеж зариен во срцето,
болка, тага, несреќа..
Прифаќам да ти сум се само не уште една
за која ќе раскажуваш на некој
додека си опиен на забавите..
По радо би била твој опиум,
отров зариен во вените
отколку шолја
чиј вкус ќе биде одамна заборавен.“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/




Коментари

[fbcomments]