Поранешната сопруга и мајката на неговите 3 деца решила да се омажи повторно: Пораката на поранешниот маж ја споделиле 125 илјади луѓе!

Никој не можел да замисли какви се емоциите на овој човек кој ја гледа поранешната жена како се мажи за друг човек.  Се омажила неговата поранешна жена и мајката на неговите три деца, а тој ден овој човек напишал статус на Фејсбук со кој го воодушеви светот. Еве за што станува збор.

Кога станува збор за развод обично работите не се надминуваат брзо и лесно. Партнерите долго време остануваат огорчени еден на друг. Меѓутоа, овој човек ги срушил сите стереотипи и на денот на венчавката на неговата поранешна сопруга напишал Фејсбук статус кој во истиот момент станал витален.

Блејк Хигинботам од Тексас дознал дека поранешната жена повторно се мажи и имал потреба да ги сподели своите емоции со пријателите на социјалните мрежи. Напишал дека е разведен веќе 3 години и дека разводот кога се случил не го поднесол добро.

„Се венчавме млади и имаме три прекрасни деца и горчлив развод позади себе“, напишал на почетокот. Без обзир на сѐ Блејк и неговата жена морале да соработуваат поради децата, бидејќи имале заедничко старателство.

„На децата внимаваме подеднакво и ги поддржуваме во сѐ. Сепак, ние мора да се однесуваме како тим“, додава тој.

Како и секој нормален родител на кого интересот на децата е на прво место, Блејк е задоволен што неговата поранешна сопруга нашла човек со кој може да биде среќна и кој ги сака нивните деца.

„Тој човек ги сака моите деца и би го дал животот за нив. Како татко не можам да побарам ништо повеќе од животот“, напишал Блејк на статусот.

По согледувањето на сите факти и нови искуства, решил да ги охрабри разведените парови ширум светот и да ги потсети дека децата се на прво место и дека поради нив треба да продолжат да живеат колку што е можно поквалитетен живот.

„На секој разведен пар му порачувам по разводот нештата да ги гледа од друг агол. Само затоа што не сте успеале како маж и жена, тоа не значи дека нема да успеете како мама и тато“, објаснува Блејк.

Кога неговата поранешна жена Хедер го видела неговиот пост, сакала да ги сподели еднаквите емоции.

„Ние сме одличен тим и нашите деца се благословени. Беше тешко, но не би можела да замислам подобар однос кон моите деца од овој. Го остваривме она што го сакавме, ги имаме нашите деца. Ти благодарам Блејк“, напишала Хедер.

Овој пост е споделен со брзина на светлината и се раширил по Интернет и досега има преку 125.000 споделувања и безброј позитивни коментари.

Ова е многу моќен статус во денешно време кога луѓето се разведуваат на многу грди начини, честопати не размислувајќи за чувствата на своите деца. Ова е потсетник за уште нешто – никогаш не знаете во животот како ќе се одвуваат работите и кога ќе тргне се наопаку. Доколку тогаш се победите себеси и бидете подобар човек, тогаш навистина заслужувате среќа. И ќе ја добиете.




Коментари

коментари