Чек дис аут
Search

Порано или подоцна, Бог ќе ви го даде она што отсекогаш сте го посакувале

Тој ден доаѓа!

Знам дека сте се обидувале најдобро што можете. Знам дека никогаш не сте се чувствувале доволно вредно. И знам дека сте уморни.
Уморни сте од обидување да ги исполните очекувањата на другите, но никогаш да не бидат ценети вашите напорти. Уморни сте од тоа да ги следите целите кои ви се чинат толку далеку, без оглед колку силно сакате да ги остварите.
Уморни сте од тоа да ги држите луѓето блиску до вас кога тие се повеќе се обидуваат да побегнат. Уморни сте од љубовта спрема погрешната личност, од живеење онака како што не посакувате.
Знам дека сте уморни од одбивање, неуспех, разочарување. Но, ако сте заборавиле, сакам да ве потсетам дека Бог е секогаш со вас на патот.

Кога сте загрижени, збунети, тажни и разочарани, ве молам да се сетите на Бог затоа што тој никогаш не заборава.
Во што и да верувате, сетете се дека Бог секогаш знае што сака вашето срце. Ги слуша вашите молитви и ја гледа вашата борба. Тој знае како плачете во ноќите и колку тешко ги задржувате солзите во текот на денот.
Знајте дека Бог секогаш го чува вашиот грб, дури и кога никогаш не ја барате неговата помош.
Можеби Бог ве тера да почекате малку подолго пред да ги прифати вашите желби, но еден ден, кога најмалку ќе очекувате, нештата ќе се случат на најдобар можен начин.

Секогаш давајте им на вашите желби време, за оние добрите и големите потребно е трпение и истрајност. Бог знае дека се борите и тој никогаш нема да ви даде терет кој не можете да го носите.
Морате да знаете дека она што отсекгаш сте го знаеле, можеби и всушност не е најдоброто за вас, треба да верувате дека Бог знае што е подобро и тоа никој никогаш нема да ви го земе.
Додека се борите,сетете се дека тој го гледа тоа и ја гледа вашата борба. Издржете, порано или подоцна, ќе го добиете тоа што отсекогаш сте го сакале, можи и повеќе!




Коментари

[fbcomments]