Портокаловата е дефинитивно нејзината боја: Џенифер Лопез (50), никогаш не изгледала подобро! (ФОТО)

Латинската дива Џенифер Лопез никогаш не престанува да го воодушевува светот со нејзиниот младешки изглед, совршена линија и одличниот стил на облекување.

Кога е на сцената, пеачката се облекува многу провокативно, додека на приватни и на гала настани претпочита да избере женски фустани кои ги истакнуваат нејзините облини и прекрасната фигура на песочен часовник за кој многу жени сонуваат.

Од сите нејзини модни изданија, вчерашното е дефинитивно во првите три, ако не и најдобро!

Светло портокаловата боја на фустан со должина до под колената, совршено го нагласи нејзиниот природен маслинест тен, кој направи Џенифер да биде забележана и запаметена.

Фустанот е украсен со интересен детал на левото рамо, кој на задниот дел паѓа до должината на фустанот.

Таа носеше „невидливи“ салонки со високи потпетици и дискретна кожна торбичка во портокалова боја.

Тука е и накитот – не премногу впечатлив, но забележителен, само толку колку што треба.

За да не се претера, Џенифер носеше неутрален лак на кратките нокти и очила за сонце што скоро се мешаа со нејзината боја на коса.




Коментари

[fbcomments]