Портрети на кучиња кои ја покажуваат нивната совршена несовршеност и будат многу емоции

Наградуваната фотографка Alex Cearns е голем љубител на животни и ја фокусира нејзината работа исклучиво на нив. 

Некои се спасени, па фотографира пред и потоа, а некои се миленици кои живеат во среќен дом. Најновиот серијал на фотографии го носи името Perfect Imperfection: Dog Portraits of Resilience and Love, во која се покажани во нивните најтрогателни моменти.

„Ги сакам сите жвиотни за кои ја имам привилегијата да ги фотографирам, но посебно место во моето срце имаат оние кои ги гледаат како различни. Тоа се оние кои изгубиле нога, се родени без очи или се уште имаат лузни од злоупотреби.“ вели таа.

Ова се само дел од кучињата од серијалот, а испраќаат порака дека сите поеднакво треба да бидат сакани и дека сите се исти, иако животот кон некои од нив бил повеќе груб.




Коментари

коментари