Категории

Посесивна врска – Како да ја препознаете?

Ако некогаш сте се зарапашале дали се наоѓате во посесивна врска, ќе ви ги наведиме неколкуте најчести примери на истата, па пресудете сами.

Секоја љубовна врска треба да се темели врз основните принципи а тоа се доверба, почит, разбирање и прифаќање на другата личност поради она што е.
Лесно е да се каже но тешко да се спроведе во дело. Неретко се случува љубовта да скрене од својот пат и да оди во спротивна насока која не донесува среќен крај. Еден од личностите во врската, ако не и двата, стануваат премногу посесивни и самото тоа доведува до лоши односи и раскинување на врската. Ако некогаш сте се зарапашале дали се наоѓате во посесивна врска, ќе ви ги наведиме неколкуте најчести примери на истата, па пресудете сами.

Вашиот партнер има потреба да ве контролира
Најјасен показател на дадениот проблем со посесивноста. Доколку на пример сте излегле со другарките на кафе, а вашиот дечко очекува од вас да му дадете детален рапорт со кого сте, каде сте, до кога ќе седиме и која е темата на разговорт, јасно е дека постои проблем. Во вакви случаи на крајот се одлучувате да се откажите од дружењата со пријателките и му станувате секогаш достапни нему.

Бара од вас да ги знае сите ваши лозинки на телефонот, социјалните мрежи, емаилот…
Иако можеби ова не ви делува како нешто важно, всушност ите како е. Ако личноста инсистира да и ја кажете вашата лозинка за пристап до вашите лични налози, знајте дека се работи за посесивност. На овој начин истата сака да го контролира вашиот живот, а најлесен увид во него ќе има преку вашите пораки. Веќе истакнавме дека довербата е најважното правило за успех во врската, а во вакви случаи тоа е показател дека ја нема.

Вашиот партнер е наметлив
Кога ќе започнете нова љубовна врска, логично е да сакате секој слободен миг да го поминувате заедно. Меѓутоа како времето поминува, природно е да сакате и малку личен простор, време само за себе и други важни луѓе во вашиот живот. Доколку вашиот партнер одбива да се одвои дури и на секунда, знајте дека имате работа со посесивна а не многу вљубена личност.

Вашиот партнер ве следи и проверува
Доста тешко за прифаќање но изненадувачки често кај личностите кои се склони кон посесивност. Доколку сте го затекнале како ги чита вашите пораки на телефонот, се јавува наместо вас на истиот, се појавува на вашата врата во мигови кога сте му кажале дека ќе ви дојдат пријателките на гости, или едноставно се појавува во кафичот каде пиете кафе со истите, знајте дека ве следи.

Вие ги исполнувате сите негови желби
Доколку во вашата врска не постои компромис, туку само она кое го сака вашиот партнер, верувајте ни на зборот дека имате проблем. Тоа нема да помине само од себе, нити ќе се намали со тек на времето. Напуштете ја таквата врска затоа што очигледно е брод кој тоне.