Совршено опуштање на телото и умот: Уживајте во комплексот „Кораб Трница“ и соединете се со природата!

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во два објекта за престој, кои се состојат од соби и апартмани со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра. Сите соби располагаат со сопствен тоалет.

Моментално во изградба се и бунгалови. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за шатори, камп и автокамп кој е опремен со комплетна инфраструктура.

Гостите имаат можност за прошетка по околните планинарски патеки, бесплатно користење на велосипедите и риболовната опрема, како и да искусат кратки јавачки тури наменети за почетници.

Овие објекти претставуваат совршено прибежиште од градскиот метеж, секојдневните обврски и стресови, опуштајќи ги сите ваши сетила, нудејќи мир и спокој. Најдобар начин да се опуштите и релаксирате во овие топли денови од летото е слушајќи ги звуците на природата, уживајќи во неверојатната глетка која ја нуди комплексот Кораб Трница. 

Цената на двокреветна соба во хотелот изнесува 2.100 денари, апартман 2.800 денари, а во ВИП апартманите може да уживате по цена од 3.500 денари. Доколку сакате да уживате во убавините на Кораб Трница, јавете се на 076/361-953 и резервирајте го вашиот престој.

Дозволете си едно поинакво доживување, соединете се со природата и сите убавини кои ги нуди. Уживајте во престојот во хотелските објекти на Кораб Трница!




Коментари

коментари