Послатки од саемските попусти се предсаемските промоции во Книжарницата Култура

Сите страсни читатели секоја година со нетрпение го очекуваат саемот на книгата, а тој ни е се поблиску.

Оваа година од 4-ти до 10-ти април ќе се одржи 29-от Меѓународен саем на книгата, каде ќе може да се најдат голем избор на македонски и странски автори, современа и класична литература, учебници и стручна литература, енциклопедии и детска литература.

 

Издавачката куќа Култура, како најстара издавачка куќа во Македонија, неизбежно ќе биде дел од Саемот на книгата, и тоа со два шанда во хала 1 и 2, и со попусти до 70% за кои повеќе може да дознаете од нивниот каталог. Следете ги на нивната фејсбук страна за сите новости, наградни игри и промоции.

Оваа година Култура за своите верни читатели има спремено предсаемски промоции и наградни игри, на кои ниту еден верен читател не може да одолее, а и не смее да ги пропушти.

Една од најинтересните промоции е врзана за серијалот Заплеткани на Ема Чејс, приказни за љубовта помеѓу Дру и Кејт, а комплетот од четири книги меѓу кои и последната, тукушто издадена „Врзани“, и истиот може да се купи по цена од 899 денари само во Книжарницата Култура и во предсаемските денови.

Исто така своја промоција има и авторката Александра Потер, нејзината „Љубовниот детектив“ предсаемски се пушта во продажба, а за најсреќните и најбрзите има и книга подарок.

Покрај постојаните промоции на нови на нови наслови од Култура ни доаѓа и адаптирана верзија за млади од мега-бестселерот на Ден Браун, „Кодот на Да Винчи“. Сега ова издание е достапно и за помладата генерација на читатели, а оригиналната приказна е претставена во пократка и подостапна форма за да можат тинејџерите полека да ги откриваат мистериите на симболизмот.

На почетокот од своето читачко доба, адаптираната верзија на –„Кодот на Да Винчи“, нуди еден поинаков поглед на сето она што не’ опкружува, а Култура предсаемски ја нуди со промотивна цена во виртуелната книжарница.

Следете ги сите промоции и искорисете ги овие денови за книги по супер цени.




Коментари

коментари