Категории

После долго време се појави во јавност: Анџелина Џоли повторно покажа колку ослабе!

Актерката на премиерата на филмот „The Breadwinner“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто била во придружба на децата.

Актерката Анџелина Џоли повторно е во центарот на вниманието во светските медиуми. Таа заедно со ќерките Шајло, Вивиен, Захара и синовите Нокс, Пакс и Медокс прошета по црвениот тепих на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.

Иако блескала и не ја симнувала насмевката од лицето, многумина повторно забележаа дека е преслаба.

Актерката која се појавила во бел комплет, позирала пред фотографите, но не се одвојувала од децата.

Неодамна Џоли се сретна и со поранешниот партнер Бред Пит, со кој, како што рече, сакала да си ги поправи односите.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
325
Објавено на:
11.09.2017