Категории

После разделбата: Кога тој ќе сфати што изгубил, ти ќе бидеш среќна со друг

Никоја нова девојка нема да ги прави нештата кои ти ги правеше за него, и сето тоа тој ќе го сфати еден ден. 

Тој нема да најде подобра од тебе. Никоја нова девојка нема да ги прави нештата кои ти ги правеше за него, и сето тоа тој ќе го сфати еден ден.

Можеби не веднаш, но еден ден ќе се разбуди во нејзиниот стан и нема да го пречека утринско кафе и тогаш ќе сфати колку нешта си правела за него и тоа ќе го заболи.

Без оглед на тоа колку брзо заборавил и продолжил напред, никој нема да знае толку многу нешта за него како ти. За тоа е потребно многу време и нема да го има истото ниво на удобност како што го имаше со тебе и тоа ќе го забележува од ден на ден се повеќе и повеќе.

Во почетокот ќе биде возбудливо но потоа ќе сфати колку нешта таа не знае за него и колку нешта во кои ви сте се согласувале таа се разликува.Одеднаш ќе го изгуби сјајот.

Ти не можеш да бидеш заменета, не можеш да бидеш заборавена.
Луѓето заминуваат и продолжуваат понатаму, понекогаш сфаќаат дека тоа било погрешен избор, но и да не го сфатат тоа, понекогаш треба да го пронајдете својот среќен крај разделени.

Прегледи:
444
Објавено на:
03.08.2020