Категории

Посни праски: Колачи од нашето детство!

Многу вкусни колачи што се прават пополека

Состојки:

  • брашно 250гр
  • маргарин 65г
  • шеќер 75гр
  • вода 75гр
  • прашок за пециво 6g
  • млеко од соја во прав 10g

 

Фил:

  • бисквити (мелени) 100g
  • џем од кајсија 200гр
  • рум 10г

 

Подготовка:

Растопете го маргаринот во тава. Во посебен сад, ставете го брашното и одвојте две лажици. Во садот со поголемиот дел од брашното, додадете го млекото од соја во прав и прашокот за пециво, а потоа промешајте.

Растворете 75 грама шеќер во вода и додадете го во брашното. Додадете го растопениот маргарин. Замесете меко тесто. Додадете ги уште двете лажици брашно и измесете го тестото убаво да се изедначи. Завиткајте го тестото во пластична фолија и оставете го да се излади некое време. Околу еден час.

 

Од тестото формирајте топки и ставете ги на хартија за печење во тава. Печете на 160 степени, околу 18 минути. Издлабете ги топчињата додека се сеуште млаки.

Сомелете ги остатоците од мелените топчиња, а потоа додадете ги мелените бисквити и џемот од кајсија. Додадете малку рум исто така. Топките пополнете ги со филот. Спојте ги и отстранете го вишокот од филот.

Бојата за колачи измешајте ја во вода, додадете ја аромата на кајсија, потопете ги праските најпрво во жолта, потоа во црвена боја и оставете ја бојата да се исуши. Додека се уште влажни, превртете ги во кристален шеќер.

 

Прегледи:
1523
Објавено на:
11.12.2019