Прв чекор

Земете четка за исцртување на течен туш (во асиметрична форма) и напрскајте на неа подлога во облик на спреј. На овој начин ќе го олесните размачкувањето на сенката во саканиот правец.

Втор чекор

Изберете сенка во металик бронзена нијанса и нанесете малку на четката.

Трет чекор

Како да ставате туш за очи, на горната инија на трепките повлечете линија, таа што крајот (врвот) ќе завршува веднаш по надворешниот агол на окото. Маскара можете да ставите по желба, но не е задолжителна бидејќи отсјајот на сенката е доволен за креирање на бронзен, летен ефект. Доколку наместо сенка сакате да употребите туш, едноставно нанесете го како и вообичаено. Важно е да биде во бронзена нијанса.