Категории

Постојат 7 главни вида на пластика – еве кои се нивните разлики и кои се најопасни

Пластиката за еднократна употреба е најголемиот загадувач на денешницата. Голем дел од пластиката која се фрла во водите, испушта микропластики, кои ги впиваат во себе водните животни кои ги јадеме, но и се враќаат во атмосферата и ги примаме и во форма на дожд и воздух. Но, микропластиките се нов проблем – тоа значи дека нема доволно време поминато откако е појавен, за да би се направиле доволно кредибилни истражувања за да се открие нивната штетност!

Но, пластиката не е штетна само кога е отпад. Таа може да е штетна и додека ја користиме. Еве ги 7-те главни вида на пластика, и како тие се разликуваат.

ПОЛИЕТИЛЕН ТЕРЕФТАЛАТ (PET)
Може ли да се рециклира? 
Да, годишно се рециклира околу 30% од него.
Колку години му се потребни природно да се распадне? 5-10 години.
Ниво на токсичност: Испушта токсичен метал кој е канцероген
Се користи за: Шишиња за течности, пакување за путер од кикирики, медицински тегли, чешли, некои шампони, кеси за печење

ЗГУСНАТ ПОЛИЕТИЛЕН (HDPE)
Може ли да се рециклира? 
Да, годишно се рециклира околу 35% од него.
Колку години му се потребни природно да се распадне?
100 години.
Ниво на токсичност:
Релативно безбедно, но испушта хемикалии кои потенцијално може да ги нарушат хормонските нивоа
Се користи за: 
Негазирани сокови, контејнери за моторни горива, повеќето пакувања за шампони, пакувањата за кондиционери и детергенти, кофи, играчки. 

ПОЛИВИНИЛ ХЛОРИД (PVC)
Може ли да се рециклира?
Ретко, од него се рециклираат помалку од 1%.
Колку години му се потребни природно да се распадне? 
Никогаш.
Ниво на токсичност:
Испушта многу токсини кои се поврзани со канцер, алергии и астма.
Се користи за:
Цевки, кредитни картички, рамки на врати и прозори, кабли, жици, производи од синтетичка кожа, црева, шишиња за зејтин, проѕирна пластика за замотување храна.

РЕДОК ПОЛИЕТИЛЕН (LDPE)
Може ли да се рециклира?
Ретко, од него се рециклираат околу 6%.
Колку години му се потребни природно да се распадне? 
500-1000 години.
Ниво на токсичност:
Слично како HDPE, но побезбедно.
Се користи за: 
Пластични најлони, кеси за леб, кеси за ѓубре, контејнери за храна, пластични чаши.

ПОЛИПРОПИЛЕН (РР)
Може ли да се рециклира?
Ретко, од него се рециклираат околу 3%.
Колку години му се потребни природно да се распадне? 
20-30 години.
Ниво на токсичност:
Релативно безбедно, но испушта одредени хемикалии поврзани со астма.
Се користи за:
Капачиња за шишиња, кутии за лекарства, шишиња за кечап, кутии за павлака, маргарин и сл., пелени, влошки, пакетчиња за грицки, сламки, кутии за врела храна.

ПОЛИСТИРЕН (РЅ) – познато како стиропор
Може ли да се рециклира?
Да, од него се рециклираат околу 34%.
Колку години му се потребни природно да се распадне? 
50 години.
Ниво на токсичност:
Испушта канцерогени токсини, особено при допир со топлина, така што силно се препорачува да не се користи за пренос на топла храна
Се користи за:
Кутии за храна за носење, пластики за јајца, пластичен прибор за храна, закачалки.

СИТЕ ДРУГИ ПЛАСТИКИ
Може ли да се рециклира?
Не
Колку години му се потребни природно да се распадне? 
Никогаш
Ниво на токсичност:
Не се знае точно
Се користи за: 
Бебешки шишиња, големи шишиња за вода, кеси за медицински препарати и медицински отпад, наочари, ЦД и ДВД дискови…

Прегледи:
745
Објавено на:
30.10.2020