Постојат 7 видови на љубов, а само ретките ја доживуваат совршената

Што е љубов? Филозофите и научниците се обидуваат да дадат одговор на ова прашање со години. Во 1980-тите години, американскиот психолог Роберт Стернберг, развил теорија за љубов, која се состои од 3 компоненти – емоционална интимност, страст и посветеност.

Според него, ова се трите точки кои заедно го создаваат чувството на љубовта. Подоцна, благодарение на неговата теорија, Штернберг ги диференцирал седумте видови на љубовта кои ќе ви ги претставиме тука.

1.Занес
Занес се појавува на почетокот на односот кога луѓето се запознаваат и чувствуваат силна привлечност. Во таквите односи тие најчесто немаат идеја дали имаат нешто заедничко или не, но сепак остануваат заедно.

2.Допаѓање
Во овој вид на врска обично луѓето се наоѓаат благодарение на заедничките интереси, погледи на животот и чувство на блискост. Психолозите веруваат дека таквата интимност без страст и посветеност веројатно може да резултира во вистинско пријателство.

3.Празна љубов
Паровите кои доживуваат таков вид љубов имаат само обврска, без интимност и страст. Понекогаш таков вид на врска се јавува после голема, страсна љубов, а понекогаш и обратно.

4.Страсна љубов
Овој вид на љубов вклучува посветеност и страст. Постои кога двајца луѓе се привлекуваат и се подготвени да ги следат одредените традиции, но немаат вистинска интимност.

Психолозите веруваат дека таквите двојки можат да живеат заедно долго, но нивната среќа е релативна. Всушност, тие не го гледаат својот партнер како пријател.

5.Романтична љубов

Овој вид на љубов вклучува страст и интимност. Луѓето во овие врски меѓусебно се привлекуваат и се чувствуваат удобно, но не се подготвени за сериозни обврски.

6.Партнерска љубов
Партнерската љубов се состои од посветеност и интимност. Таквите врски се многу посилни од нормалните пријателства, а постои и длабока поврзаност помеѓу партнерите. Но во овој тип на љубов недостига страст. Психолозите велат дека партнерскиот вид на љубов може да се појави по многу години заеднички живот или брак.

7.Совршена љубов
Оваа љубов се состои од сите три компоненти: страст, емоционална интимност и посветеност. Се разбира, нивните нивоа не се секогаш исти, но сите се присутни. Овој вид на љубов е најредок.




Коментари

коментари