Посветла коса без фарбање – Испробајте го овој трик со помош на намирници од кујната

Доколку сакате посветла коса без да ја оштетите со фарби, овој трик ќе ви помогне да го остварите тоа.

Се што ви е потребно е: сок од свежо исцеден лимон, цимет и регенератор.
Познато е дека циметото ја зајакнува структурата на влакното, а лимонот е полн со витамини кој притоа помага таа да добие посветла боја. Овој рецепт има двоен ефект – ќе ја осветли вашата коса но исто така и ќе ја направи здрава и нахранета.

Помешајте регенератор во количина која ќе ја прекрие целата коса, додадете две лажици цимет и сок од еден или два лимони во зависност од должината и густината на вашата коса.
Смесата добро измешајте ја и нанесете ја со четка за фарбање коса. Оставете да одстои 45 минути, потоа исплакнете ја косата како што вообичаено го правите тоа.

Во оваа смеса можете да додадете и лажица мед и маслиново масло за сјај на косата.
Со оглед на тоа што оваа постапка е комплетно природна и не ја оптетува косата, можете да ја повторувате секоја недела.




Коментари

[fbcomments]