Каква е поврзаноста меѓу интелигенцијата и среќата? Потешко ли е за интелигентите луѓе да најдат среќа?
На тоа укажуваат многу научници и истражувања, а причината е јасна, на работите гледаат премногу аналитички и свесни се за многу повеќе работи отколку останатите околу нив. Ернест Хемингвеј има кажано: „Среќата кај интелигентни луѓе е најреткото нешто што го знам.“.
Не станува збор само за среќата, туку ова важи и за љубовта. Многу често гледаме околу нас интелигентни, многу паметни луѓе кои имаат проблем да најдат соодветна личност за нив и се сметаат за несреќни во љубовта. Тие обично имаат успеси на професионално поле, но имаат потешкотии во полето на љубовта.
Колку и да се обидуваме да најдеме одговори, тоа не можеме да го сториме, но има некои индикатори кои можат да ни дадат некое објаснување.
Интелигентните луѓе повеќе анализираат
Интелигентните луѓе се прилично методични и постојано сакаат да анализираат. Додека ова може многу да им се најде во нивниот професионален живот, во врските може да претставува голем проблем. Сосема е нормално да се анализираат некои ситуации или проблеми кои ќе се појават во врската, но кај нив ова се зголемува неколкукратко, па така тие влегуваат во шема на анализирање на секоја ситница, па се случува да се појави проблем и таму каде што го нема.
Интелигентните луѓе се позатворени
Луѓето со повисока интелигенција често земаат во обзир повеќе фактори пред да направат било што, а кога станува збор за љубовта, обично најголем фактор е претходното искуство. Ако имале лошо искуство или повеќе лоши искуства, тогаш тие се позатворени и емоционално понедостапни, затоа што не сакаат повторно да бидат повредени. Тие градат ѕидови околу себе, а понекогаш токму тие ѕидови ги оттурнуваат оние кои сакаат да градат врска и иднина со нив.
Интелигентните луѓе потешко влегуваат во врски
На луѓето со висока интелигенција им е потешко да влезат во врска, затоа што генерално премногу анализираат, позатворени се и овие две работи комбинирано прават да не сакаат да влегуваат во врски многу често. Свесни се за можните ризици од повредување и стапување во врска со погрешна личност, па често сакаат да ги избегнат непријатните ситуации и раскинувањата со тоа што избегнуваат да влезат во врска.