Категории

Потпечени макарони со сочно сирење: Брз оброк кој ќе го обожавате! (РЕЦЕПТ)

Кој не сака макарони со сирење, а кога ќе им го додадете овој сос, уживањето е загарантирано.

Состојки:

  • 200 гр макарони
  • 2 лажици путер
  • 30 гр брашно
  • лажичка сенф
  • 1/2 лажичка Ворчестер сос
  • 2 шолји млеко со мала масленост
  • 150 гр сирење
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзусови и варете ги тестенините според упатството на пакувањето. Во меѓувреме, во тавчето растопете го путерот. Додадете брашно, сол, бибер, сенф и Ворчестер сос и мешајте на средна температура додека не се згусне. Потоа тргнете го од оган и додадете млеко. Вратете го на оган така што сосот да врие 1 минута при константно мешање. Додадете сирење и држете го на оган додека сирењето не се растопи со повремено мешање. Исцедените тестенини измешајте ги со сосот, па додадете го маслото и во керамички сад за во рерна печете околу 20 минути.

Прегледи:
2159
Објавено на:
03.07.2019