Потресните судбини на овие познати личности се доказ дека постојат чуда

Овие познати личности имале доста тежок живот, но тоа не ги спречило да ги следат своите соништа и да се борат за подобро утре 

Никој од нас не знае што ќе му донесе животот, некогаш тоа може да бидат и големи искушенија и лекции кои не претвораат во сосема поинаква личност. Овие познати личности зад себе имале доста тежок и суров живот, но тие никогаш не се откажале да го сакаат и да му веруваат на животот дека еден ден ќе се случи чудо.


Џ.К. Роулинг
Авторката на епската фантастика за Хари Потер, имала многу комплициран живот пред да го создаде детето волшебник. Таа претрпела развод, живеела од социјална помош и едвај се прехранувала себеси и своите деца.
Бидејќи била во финансиска криза не можела да си дозволи компјутер, затоа на писарска машина откуцала 90,000 зборови колку што броел првиот роман, а потоа го испратила на бројни издавачки куќи и добивала негативни одговори се додека лондонската издавачка куќа Bloomsbury не го прифатила делото и одлучила да го објави, а за тоа била „виновна“ 8-годишната ќерка на издавачот која ја прочитала книгата и била воодушевена.


Стивен Кинг

Уште еден писателски гениј кој имал доста тежок почеток на својата кариера. Стивен со сопругата живееле во приколка и биле толку сиромашни што морале од свои пријатели да позајмат гардероба за нивната свадба, а престанале да користат телефон бидејќи не можеле да си го дозволат да го плаќаат.
Стивен работел најразлични работи за да го прехранува своето семејство а во меѓувреме и упорно пишувал. Сите писма во кои бил одбиван од издавачките куќи ги чувал а биле точно 60 пред издавачката куќа The Glass Floor да ја објави неговата прва приказна.
Подоцна неговите дела станаа светски бестселери.


Опра Винфри

Телевизиската водителка, обожавана ширум светот, морала да се носи со билни напади во текот на својата кариера. Ја критикуваа поради својата боја на кожа, сексуалност и физички изглед, но тоа никогаш не и ја уништило амбицијата да успее. Меѓутоа она што многу не го знаат е нејзиното трауматично детство.
Опра како дете била сексуално злоставувана од својот вујко, роднини и пријатели на семејството. Родила дете кога имала само 14 години, а тоа починало две недели подоцна.
Сепак, Опра завршила средно училиште како најдобар ученик и добила стипендија за колеџ. Во текот на студиите започнала да работи за локална телевизија, а останатото како што се вели е историја.


Алберт Ајнштајн

Иако многу го сметаат за најпаметниот човек што некогаш постоел, научникот Алберт Ајншајн не прозборел се до својата трета година. Пдоцна научил да чита а многу го сметале за ментално заостанат.
Кога Ајнштајновата теорија на релативитетот станала јавна во научната заедница, тогаш сите почнале да ја согледуваат неговата величина.Но имало и колеги кои го сметале за лудак и се потсмевале на неговите идеи. Подцона Ајнштајн станал професор на универзитетот во Цирих и Прага а во 1921 година добил Нобелова награда за своите достигнувања.




Коментари

коментари