Поучна приказна: Бидете внимателни со кого се дружите

Една скорпија, која беше слаб пливач, ја праша желката да ја пренесе на нејзиниот грб преку реката.

„Да не си луда?“ извика Желката. „Ќе ме боцнеш додека пливам и ќе се удавам.“

„Драга желко“ се насмеа скорпијата.„Ако те боцнам, ти ќе се удавиш и јас ќе се удавам со тебе. Има ли логика тоа?“

„Ех да, во право си.“ извика желката.„Качи се!“

Скорпијата се качи врз неа и на половина пат од реката скорпијата силно ја боцна желката.

Бидејќи и двете потонаа на дното, желката налутено рече:„Ќе ти пречи ако те прашам нешто? Ти рече дека нема логика да ме боцнеш.Тогаш зошто го стори тоа?“

„Тоа нема врска со логика,“ удавената скорпија одговори натажено, „Тоа е едноставно мојот карактер.“

 

Не бидете прелажани: „Лошото друштво ги поткопува добрите навики.“

(1 Коринтјаните15,33).

Бидете внимателни со кого се дружите.




Коментари

коментари