Категории

Поучна приказна која ќе ве натера да верувате во своите соништа и да се борите за својата иднина

Еден човек без работа се пријавил на конкурс во Микрософт за работната позиција „чистач на тоалет“. Директорот за човечки ресусрси го примил на разговор и по краток тест му рекол: „Примен сте. Оставете ми ваш e-mail, за да можам да ви пратам договор и список на вашите должности.“

Човекот сирот, збунет, одговорил дека нема компјутер, па затоа нема ни e-mail. Директорот веднаш одговорил: „Епа тогаш, жал ми е ако немате e-mail, виртуелно значи дека не постоите, така што не можам да ве примам…“

Тој очаен излегол од седиштето на Микрософт, без претстава што би можел да прави со само десет долари во џеб. Се упатил кон супермаркетот и таму купил гајба со десет килограми јагоди. За кратко време, ги продал сите јагоди одејќи од врата на врата и до пладне го дуплирал почетниот капитал. Изненаден и со ентузијазам, го повторил истото три пати и се вратил дома со 60 долари.

Бргу сфатил дека тој систем му овозможил да преживее па започнал да го применува во континуитет, излегувајќи рано наутро и враќајќи се доцна навечер дома. Работејќи, секојдневно го зголемувал својот капитал. За кратко време купил рачна количка за да може да го зголеми обемот на работата, а подоцна ја заменил и со камионче. Работејќи така, во рок од една година, станал сопственик на мала флота со сопствени моторни возила. За пет години, станал сопственик на една од најголемите мрежи за дистрибуција на намирници во САД.

И така, мислејќи на иднината на своето семејство, одлучил да го осигура својот живот. Го повикал брокерот за да потпише полиса за осигурување. Брокерот на крајот од разговорот му го побарал неговиот e-mail за да му прати проспект од осигурувањето. Јунакот на оваа приказна му одговорил дека нема e-mail.

„Баш чудно“ – прокоментирал брокерот.

„Немате e-mail, а успеавте да направите империја. А замислете каде би биле доколку имавте e-mail!“.

Човекот се замислил, а потоа му одговорил: „… во Микрософт, чистејќи ВЦ шолји.“

Прегледи:
950
Објавено на:
06.02.2020