Поучна приказна: Сѐ се враќа, сине мој!

Биле, поминале, па повторно дошле некои тешки времиња, сине мој! – рекол старецот.

Како што знам за себе секогаш тешко се живеело, но порано беше полесно. Немавме којзнае што, но срцето ни беше задоволно со она што го имавме. Срцето беше полно со љубов од која се раѓаше почитта кон луѓето. Таткото беше татко, мајката – мајка, а детето – дете. А денес? Не треба премногу да се каже, сѐ е јасно.

Сѐ повеќе светот се мие во сопствените солзи, бидејќи среќата е за некои само поим, бајка. Ако ме прашаш мене, сине, јас долго не сум почувствувал ни трошка радост и спокој. Долго време не сум се насмеал од срце. Знаеш она „од душа“.

Секако ја нарекував, но не знаев дека треба да ја викам само „животе мој“. Но, сега знам…

Ме прашуваш за децата? Добри се, нека се живи и здрави! Сите имаат свои деца и свои животи. Доаѓаат, ме посетуваат колку што можат. Седам тука и гледам со часови низ прозорот, а да ме прашаш во што, нема да знам да ти одговорам.

Но, гледам и чекам и кога ќе ги погледнам милите лиц на моите деца како сонце да ме погалува. Иако тоа ретко се случува. Ми велат дека имаат премногу обврски и секогаш се во гужва.

Запомни, сине мој, Бог дава, а луѓето користат. Сепак, нешто добро ни дал и ни оставил, а тоа е фактот дека сите сме деца и дека ќе бидеме родители. Денес да сме млади – утре стари. Денес да сме силни – утре слаби. Денес да сме здрави, а утре којзнае?

И јас некогаш бев млад и силен. И јас бев среќен и полетен. И мене мајка ми и татко ми ме чекаа како јас што чекам сега. Затоа, не заборавај сине, сѐ се враќа!




Коментари

коментари