Категории

Поучна приказна:Важноста на јавното мислење

 Си живееле еднаш маж и жена. Тие многу често патувале, па со себе го носеа тешкиот товар на нивното единствено магаре. Одлучиле да заминат на патување, да работат и да го запознаат светот, и така тргнале на пат.

Image result for the story of the donkey and the father and son

Кога дошле во првото село, луѓето коментирале:

„Погледнете го овој недоличен маж. Тој седи на магарето, додека неговата кутра жена се влече позади него.“

Тогаш жената му рекла на својот маж: „Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за тебе.“ Мажот се симнал од магарето и седнал на него.

Кога дошле во друго село, луѓето мрмореле:

 „Кутар човек! Цел ден работел, а неговата жена седнала на магарето. После ова двајцата се качиле на магарето и продолжиле да патуваат.

Image result for the story of the donkey and the father and son

Кога дошле во следното село, слушнале како луѓето коментираат дека грбот на сиротото магаре ќе пукне од преголема тежина. И тогаш се одлучиле да се симнат и да пешачат.

Кога поминувале низ следно село, не можеле да поверуваат на коментарите од луѓето кои им се смееле: „Видете ги овие две будали… пешачат, а имаат магаре кое што може да ги носи. Зар не би било нормално еден да поштедите од пешачење, а другиот да пешачи.“

Секогаш ќе те критикуваат и ќе зборуваат лошо за тебе што и да направиш. Тешко е да им удоволиш на сите, а и тешко е да пронајдеш личност на којашто ќе ѝ бидеш добар таков каков што си. Пушти ги луѓето нека зборуваат, живеј си го животот.

Прегледи:
601
Објавено на:
30.11.2016