Категории

Повеќе од 1000 испитани парови одлучиле: Кој е најважниот фактор во врската?

Познат психолог откако испитал повеќе од 1000 љубовни парови, донел заклучок кој е најважниот фактор во врската. Џон Ким е експерт во своето поле и открива дека најважниот фактор во врската е почитувањето.

Тој вели дека без почитување врската никогаш не би преживеала. Ако сте биле некогаш во врска во која фалела почитта, тогаш знаете зошто е тоа толку важно.

Едноставно кажано: Не можете да имате здрава врска без почитување бидејќи почитта значи доверба, а довербата е темел на секоја здрава врска.

„Почитувањето значи дека никој нема моќ или авторитет над другиот. Тоа значи дека не треба да се сложуваме со некого за да го сакаме. Почитување значи давањето простор да има сопствени избори и патишта. Почитувањето значи слобода. Да не осудувате. Да не контролирате. Да го пуштите да биде тоа што е. Да го пуштите да расте.

Ако ги намалите вашите стандарди и прифатите било каков вид бзобразно однесување во љубовта, големи се шансите да станете „помали“ во очите на партнерот. Почитувајте се себеси доволно да си одите од некој кој вас не ве почитува.