Категории

Поврзување на телефон директно со сателит

Канаѓаните на мрежата Роџерс којашто потпиша договор со Линк, ќе добијат директни сателитски телефонски врски низ целата земја.

Поврзувањето на паметен телефон со сателит звучеше како фантазија пред неколку години, се чинеше дека тоа е невозможно. Сепак, сателитските услуги ќе бидат привлечни понуди во текот на следните неколку години.

Идејата е да се понуди што е можно подобра услуга со надеж дека на секој што му треба помош кога би бил надвор од мрежа, никогаш да не остане без сигнал.

Иако замислата е дека секој ќе може да го користи ова, не секогаш е едноставно да се открие кој има, а кој нема пристап. Секоја земја е поинаква и има различни технички ограничувања

 

Прегледи:
225
Објавено на:
29.04.2023