Пожарникари се спуштија од кровот на болницата облечени во Дедо Мраз за да ги израдуваат болните дечиња.
Во една болница во Грција, децата на онкологија беа изненадени од бројни дедомразовци и џуџија по повод новогодишните и божиќните празници.
Во согласност со превентивните мерки поради корона вирусот, а со оглед на тоа дека Дедо Мраз ги фрла подароците преку оџакот, децата своите подароци ги добија преку терасите.
Локалните пожарникари облечени во црвено-зелени „униформи“ изведоа вистински воодушевувачки перформанс така што се спуштија со јажиња од кровот до терасата а тука беше и едно пожарникарско возило кое ја осветлуваше болницата.
Еден Дедо Мраз висеше со кран, а целата атмосфера беше онака како што и доликува на Нова Година, весело со музика и новогодишни песни.
Χριστουγεννιάτικη εκδήλωση, στον προαύλιο χώρο της Ογκολογικής Μονάδας Παίδων ‘’Μαριάννα Β. Βαρδινογιάννη-Ελπίδα’’. Σχετικό Δελτίο Τύπου: https://t.co/8RIkgv96gt pic.twitter.com/OF69ZEmGPQ
— Πυροσβεστικό Σώμα (@pyrosvestiki) December 15, 2020