Позитивни нешта кои му се случуваат на светот во моментов

И покрај тоа што моменталната ситуација во која се наоѓаме е негативна и не заплашува, вистинско чудо е тоа што сето ова доведе и до многу позитивни нешта.

Повторно се поврзуваме со природата
Со оглед на тоа што мораме да останеме дома, природата е сега бегство од затворениот простор и само неколку минути шетање навистина е вредно колку злато. Конечно повторно почнавме да ја цениме, ги оставаме мобилните телефони дома и се надеваме дека така и ќе остане и после пандемијата. Воодушевувачките слики покажуваат дека квалитетот на воздухот е подобрен што исто така е од корист во борбата против глобалното затоплување.

Откривме дека мораме да им помагаме на другите
Последните денови кога се случуваат лоши нешта, конечно сфативме дека имаме само еден живот и ако сакаме што побрзо да се извлечеме од моменталната состојба, мораме да си помагаме едни со други. Хуманитарните организации работат уште понапорно, а за оние луѓе кои имаат потешкотии во самоизолацијата, достапна е бесплатна психолошка поддршка. Се повеќе кампањи не мотивираат и собираат помош за луѓето на кои им е најпотребна. Повторно се покажува дека најлошите нешта ги истакнуваат најдобрите луѓе.

Откривме дека дружењето е исклучително важно
Колку пати сме ги прескокнале семејните ручеци или дружбите со пријателите бидејќи не сме имале време. Во меѓувреме, откривме дека пријателствата и семејните врски се исклучително важни и дека не можеме без нив. Поради што сфативме колку ни биле важни за нашето постоење дури откако ни се одземени.

Луѓето станаа покреативни
Иако пандемијата исто така и се заканува и на економијата, сега е прилика за компаниите навистина да го искористат својот потенцијал и да бидат уште покреативни. Многу ресторани го променија својот начин на работа преку ноќ и започнаа со услуги преку интернет за да им олеснат на потрошувачите. Театрите имаат претсави онлајн, музеите можат да се разгледуваат и од дома а можат и да се водат состаноци онлајн.

Знаењето никогаш не ни било толку достапно
Училиштата ширум светот се затворени но учењето се одвива онлајн. Досега немало толку бесплатни курсеви. Од учење на јазици па се до започнување на свој бизнис. Моментално вистински се фокусираме на нештата кои ги сакаме и откриваме нови таленти за кои не сме биле свесни дека не интересираат.

Станавме чувствителни на ситници
Откривме дека се што ни треба е здравје.Почнавме да уживаме во малите нешта, како што се шолја кафе, топол туш, кратка прошетка кога сонцето сјае. Повеќе не брзаме, што е и повеќе од одлично. Малите нешта се она кое е најважно во животот.




Коментари

[fbcomments]