Познат европски шампион во уметничко лизгање конечно ќе ја претставува Македонија: Вечерва во Италија настапува под македонско знаме

Европскиот шампион во уметничко лизгање Селдин Салиу, кој има само 15 години и потекнува од дебарско Требиште, вечерва во Италија ќе го има првиот натпревар под знамето на Македонија.

Има учествувано на 44 натпревари во различни категории во Италија и странство. Дури 18 пати бил прво место, 10 пати второ и 5 пати трето. Има и 11 медали. Откако во август оваа година стана дел од Македонската федерација на лизгачки спортови, тој изјави дека е пресреќен што конечно ќе лизга на мразот за македонската репрезентација.

„Настапувам во италијанскиот град Мерано и досега ја претставував Италија. Но, сега сум пресреќен бидејќи сум член на Македонската федерација и гордо ќе го веам македонското знаме“ – вели Селдин.

Додека пак, од Македонската федерација изјавија дека се горди и задоволни што Селдо од оваа година е дел од нивната репрезентација. „Ние како Федерација го препознавме неговиот квалитетот и пред сè големата желба што тој ја има да тренира уметничко лизгање“, велат тие.

Селдин заедно со неговото семејство заминал во Италија кога имал шест месеци. Со братчето Лиман и родителите живеат во Фелтре, гратче во провинцијата Белуно.

Тој на мразот поминувал дури и по три часа дневно. Тоа е неговата најголема желба.
Се надевам дека вечерва ќе имам успешен настап, а најголема желба ми е да ја претставувам Македонија на Олимписки игри“, додаде тој.



Коментари

[fbcomments]