Категории

Познатата актерка ја покажа двојничката, обожавателите во шок

Актерката Рис Витерспун на Инстаграм објави фотографија од својата двојничка, Марили Лесли со која соработува долги години.

-Запознајте ја Марили. Беше моја дублерка во пет филмови и сега ми помага во Big Little Lies. Слични ли сме?, напиша актерката под фотографијата која ја објави.

Обожавателите пишуваа дека навистина тие две си личат, дел од нив велат и дека се како сестри.

Двојничката на Витерспун открива дека првиот филм на кој соработувала со Рис бил Just Like Heaven во 2005 година, а се запознале во 2003 година.

Прегледи:
270
Објавено на:
14.08.2018