Познати мисли од Софија Лорен една од најубавите жени на сите времиња

Софија е родена во 1934-тата година во Рим, а нејзината кариера ја започнала на 20 години. Таа претставува жена со безвременска убавина, борец, талентирана актерка, муза за многубројни уметници. Ова се некои од нејзините најпознати мисли.

„По сите овие години, сѐ уште се спознавам себеси. Подобро да го истражувате животот и да правите грешки отколку да не ризикувате никогаш. Грешките се дел од обврските кои ги плаќаме цел живот.“

„Сѐ што гледате на мене им го должам на шпагетите.“

„Животен факт е дека детето кое било дел од војна не може да се спореди со детето кое не знае што е војна освен од телевизија.“

„Дали е мојата мајка моја пријателка? Пред сѐ, таа е моја Мајка, со големо „М“, таа е нешто свето за мене. Ја сакам премногу… да, исто така таа ми е многу добар пријател, некој со кого можам да зборувам отворено.“

„Доколку не сте плачеле, вашите очи не можат да бидат убави.“

„Секоја жена може да биде убава ако се чувствува убаво во своја кожа. Не е до облеката или шминката. Туку до нејзиниот сјај.“

„Мајката мора да размислува два пати. Еднаш за себе, еднаш за своето дете.“

„Постои фонтана на младоста, се наоѓа во твојот ум, твоите таленти, креативноста која ја создаваш во животот и животите на луѓето кои ги сакаш. Кога ќе научиш да ги користиш изворите, тогаш ќе ја поразиш твојата вистинска возраст.“

„Никогаш не се обидував да ги блокирам спомените од минатото, дури и ако беа болни. Не можам да ги разберам луѓето кои се кријат од минатото. Сѐ што си преживеал те гради како личност и ти помага да се спознаеш себеси.“

„Ако научиш да го користиш мозокот подеднакво успешно како шминката, ќе бидеш навистина убава.“

„Најважната состојка при готвењето е: љубовта кон оние за кои готвиш.“

„Вистинската фризура може да направи просечна жена убава и убава жена незаборавна.“

„Двете предности кои ги добив уште од раѓање се фактот што се родив мудра и што се родив сиромашна.“

„Сметам дека сексапилот е нешто што доаѓа однатре. Тоа е нешто што го имаш во себе и не е поврзано со градите, колковите и усните.“

„Голема грешка е да мислиш дека откако ќе завршиш со училиште повеќе не треба да учиш.“

„Многу луѓе мислат дека сакаат нешто, но не се доволни силни и дисциплинирани да го добијат. Тие се слаби. Верувам дека го добиваш она што го сакаш само ако го сакаш доволно.“

„Кучињата се верни, жените никогаш.“




Коментари

коментари