Категории

Познати цените на билетите за мечот Вардар- Фенербахче

Поради големиот интерес и од безбедносни причини, јужната трибина на „Телеком Арената” ќе биде резервирана за навивачи на Фенербахче

Од среда (09.08.2017 година) почнува продажбата на билети за натпреварот од плеј-офот од Лигата на Европа помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра на 17-ти август на „Телеком Арената” во Скопје.

Цената на билетите ќе изнесува 2.000, 2.500 и 3.000 денари.

Имателите на Вардар ПАС билети, оние гледачи кои беа пристугни на натпреварите со Копенхаген или Малме во ЛШ, и оние кои што ќе приложат билет од некој од минатосезонските натпревари на ФК Вардар, имаат 50% попуст при купување на билет. За нив билетите ќе чинат 1.000, 1.250 и 1.500 денари.

При купување на билет, секој ќе мора да приложи документ за идентификација (лична карта, пасош).

Поради големиот интерес и од безбедносни причини, јужната трибина на „Телеком Арената” ќе биде резервирана за навивачи на Фенербахче. Навивачи на Вардар и неутрални гледачи, можат да купуваат билети само за западната и за северната трибина од стадионот.

Билетите ќе се продаваат на следните продажни места:

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Фоод бар Тренд Цитѕ Малл, Лоунге Рестаурант Тренд, Телеком Тренд, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево;
Билетарница С.Ц. „Јане Сандански”: од 14.08.2017 до 17.08.2017 од 10 до 18 часот.

Прегледи:
476
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
08.08.2017