Категории

Познатиот американски бренд за спортска опрема пристигна и во Скопје…

Сигурно ја знаете фразата „dress to success“, покрај другите аспекти во животот, тоа не е помалку важно и при спортувањето.

Можеби ќе речат дека кој сака да спортува ќе најде начин, не е важно каде, како и во што е облечен, нема да згрешат, но за постигнување најдобри резултати, квалитетната спортска опрема е исклучително важна.

 

Удобноста, заштитата, движењето и отпорноста на временските услови се одлики на најдобрата спортска опрема која ќе го извади максимумот од вас.

Експертите велат, кога започнувате некоја активност, основен предуслов е да имате удобни и квалитетни обувки. Прилагодени во зависност од спортот, во зависност од вашите потреби и најважно, идеалните за вашето стапало.

 

Исклучително е важен и останатиот дел од опремата, која ќе ви овозможи најдобри перформанси, облека која совршено ќе ви одговара на вашето тело, активноста која ја правите и ќе ве заштити од повреди, но и од временските услови доколку вршите надворешни активности.

Каде во Скопје можете да најдете висококвалитетна опрема, која ќе ги задоволи највисоките стандарди? Одговорот е едноставен – РиСпорт.

Новата спортска мултибренд продавница има за цел да биде местото каде ќе ги наоѓате најквалитетните парчиња опрема, кои ќе го одведат вашиот перформанс на повисоко ниво.

A post shared by RiSport (@risportmk) on

Во моментов кај нив може да најдете најголем асортиман од брендот Under Armour во градот. Американскиот бренд кој создава опрема од најдобрите материјали со модерни дизајни, омилена на многумина, на активни луѓе и на професионални спортисти.

Во РиСпорт може да најдете голем избор на Under Armour, вклучително парчиња од лајфстајл, фитнес и трчачката колекција. Покрај тоа што добрата спортска опрема е важна за постигнување на најдобри резултати, таа е важна и за самодовербата.

Не заборавајте дека добрата спортска опрема е екстра мотивација и посетете ја новоотврената мултибренд продавница во центарот на градот и пронајдете ја совршената опрема за вас.

 

Прегледи:
676
Објавено на:
11.07.2017