Категории

Познатиот дизајнер со совети до сите жени: Како изгледа совршената жена?

Неговата филозофија е јасна и се базира на како што самиот вели „принципот од 360 степени“

Познатиот моден дизајнер Мајкл Корс е познат по тоа што во своите креации секогаш се труди да ја нагласи женската природна убавина и сексипил. Еден од неговите заштитни знакови кога е во прашање убавината на жената, и секогаш ги користи како пример за моделите од своите кампањи е витканата таласеста коса, и добриот потемнет тен.
Тој исто така вели дека аксесоарите се најважниот елемент во убавиот изглед на секоја жена.
Неговата филозофија е јасна и се базира на како што и самиот вели „принципот од 360“ степени.

„Добро стилизирана коса, шминка и парфем, работат заедно во иста симиоза.“

Неговите правила според кого секоја жена треба строго да ги следи се:

Носете парфем секогаш и секаде
„Мојата совршена девојка не се плаши секогаш и секаде да биде напарфимерирана. Но не е ни една од ние која ќе се напрска со било што во брзање кога ќе излезе од дома.
Таа е мудра и знае каков парфем одговара во каква прилика. Ако оди во теретана, ќе нанесе парфем зад колената, а ако оди на љубовен состанок, ќе нанесе само на пулсните точки. Жената која не носи парфем не може да го освои светот!“

Бидите минималист и максималист
„Јинг Јанг правилото е секогаш присутно. Доколку имате впечатливо нашминкани очи, тогаш остатокот од лицето треба да биде неутрално. Ако сте се определиле за силна боја на усните, тогаш очите треба да бидат неутрални. Мислам дека во мојата естетика секогаш е присутен овој баланс. Ова правило е мој главен адут.
Најесктравагантните панталони носете ги во комбинација со едноставен џемпер!“

Имајте го на ум силниот ефект на златото
„Златото е многу важна точка во се што работам. Голем фан сум на трансформацијата и верувам во неа. Верувам дека производите за убавина во пар со вистинските модни избори можат да направат многу за вашата состојба на свест и да се чувствувате онака како што се чувствувате. Златото е трансформатор. Ако ставите барем нешто што е златно на себе веднаш ќе го промени вашиот целокупен изглед. Златните обетки на пример ќе дадат друга димензија на вашето лице. Не мислам дека златото е резервирано само за црвениот тепих, дури и ако носите патики во златна моја тоа може да изгледа супер гламурозно. Сите изгледаат добро во злато!“

Размислувајте за вашиот несесер како за свето тројство
„Мајкл Корс вели дека совршената девојка секогаш сака да изгледа свежо, па со оглед на тоа, таа во својот несесер секогаш мора да има бронзер – кој ќе направи да изгледа здраво, квалитетен кармин во неутрален тон, и секако како што споменав претходно – парфем кој воедно ќе е и нејзиниот потпис кој ќе влијае врз нејзиното расположение.
Ова се нејзините три есенцијални состојки кои таа мора секогаш да ги носи со себе, без обзир на тоа дали оди во теретана, на работа или излегува во град.“