Категории

Познатиот пејач се разведува по трет пат

Марк Ентони и манекенката Шенон де Лима решија да стават точка на својот брак. Парот се огласи по тој повод, изјавувајќи дека одлуката за развод била заедничка.

– По многу размислување, спогодбено одлучивме да го завршиме нашиот брак. Молиме за приватност во понатамошниот процес кој ни претстои. Ниту еден од нас двајцата нема веќе да се произнесува по овој повод, рекле доскорешните сопружници.

На Марк Ентони ова му е трет брак. Со првата жена бил во брак четири години и со неа има два сина, за подоцна да се ожени со популарната пејачка и глумица Џеј Ло со која доби син и ќерка.

Прегледи:
286
Објавено на:
20.12.2016