Категории

Познатиот турски пар – Бали Бег и Неџла на премиера во Истанбул

Бурак Озчивит и Фахрие Евчен кај нас познати по ликовите на Бали Бег во “Величенствениот” и Неџла во “Кога лисјата паѓаат” заблескаа заедно на црвениот тепих во Истанбул.

Познатите актери присуствуваа на премиерата по повод новиот филм на Бурак – “Kardesim Benim 2” во кој тој ја има главната улога. Фахрие изгледаше елегантно во кралско сина тоалета, додека Бурак измами воздишки во класичен смокинг.

Бурак и Фахрие се венчаа во јуни оваа година.

Прегледи:
569
Објавено на:
24.11.2017