Категории

Познатиот замок на Дракула во Романија затворен поради мечки?

Романските власти ја затворија средновековната тврдина, која се наоѓа во Трансилванија, а беше позната како “Замокот на Дракула”, бидејќи во областа е забележана мечка со нејзини младенчиња.

Туристите до тврдината, која се наоѓа на врвот на една планина во централниот дел на Романија, може да дојдат по искачувањето на 1.480  скали.

Овој замок на крајот на мај е затворен “поради безбедноста на посетителите”, објавено е на официјалниот сајт.

Локалните власти велат дека Министерството за животна средина се согласило да ги фати четирите мечки и да ги пресели на друго место.

Романските власти за присуството на мечките ги обвинуваат луѓето кои ја оставаат храната во оваа област.

Замокот Бран, во близина на Брашов, е споменик на културата од национален ранг во Романија и претставува голема туристичка атракција.

Тој се наоѓа на границата меѓу романската покарина Трансилванија и Влашка, а е познат како “Замокот на Дракула”, и покрај фактот дека речиси и да нема заеднички јазик со романскиот национален херој Влад Цепеш, познат како Дракула.

Во замокот се наоѓа постојана постановка за историската личност Влад Цепеш, како и за грофот Дракула, дело напишано од Брам Стокер.

Во Романија, има помеѓу 5.000 и 6.000 кафеави мечки.

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
1571
Објавено на:
10.06.2017