Познатите и нивните близнаци: Дали знаевте дека Жизел Бундшен има сестра која е иста како неа?

За овие познати личности никогаш не би претпоставиле дека имаат близнаци:

1. Скарлет Јохансон

Скарлет има брат близнак, Хантер, кој и не личи на својата сестра. Хантер се занимава со политички кампањи и повисок е една глава од атрактивната актерка.

2. Вин Дизел

Вин Дизел и Пoл Винсент се браќа близнаци кои малку личат, но никогаш не би рекле дека се близнаци. Актерот своето уметничко име го „земал“ од братот, но вистинското име му е Марк Синклер.

3. Жизел Бундшен

Згодната Жизел има сестра близначка – Патриција. Тие две доаѓаат од семејство кое има 6 ќерки! Покрај Патриција, Жизел има уште четири згодни сестри.

4. Ештон Качер

Актерот има брат близнак Мајкл, кој се родил во критична состојба бидејќи при раѓањето останал без кислород. Со тек на годините, на Мајкл му е дијагностицирана церебрална парализа, а како тинејџер имал и трансплатација на срце. Денес Мајкл Качер работи како мотиватор ширејќи ја свеста за донацијата на органи.

5. Рами Малек

Рами Малек има брат близнак Сами кој личи со познатиот актер како јајце на јајце. Додека Рами е ценет актер, добитник на Еми, Сами е професор во Лос Анџелес. Бидејќи личат неверојатно многу, Рами признал дека во младоста честопати се менувале особено во училиште.




Коментари

коментари