Прашања кои ќе го направат среќно вашето дете

 Др.Саманта Роднам е клинички психолог и мајка на три деца. Таа на својот блог пишува на разни теми од семејната психологија.

Денес за вас издвојуваме предлози за прашања кои редовно треба да им ги поставувате на децата за тие да размислуваат за тоа што ги прави среќни.

Целта е децата по некое време да ги усвојат овие прашања и да почнат да си ги поставуваат сами на себе.

Авторката напоменува дека немањето на време е само изговор и дека ако таа успева со три деца, секој може.

Во продолжени прочитајте кои прашања редовно треба да им ги поставувате на децата:

Кој ти беше омилен дел од денешниот ден?

Ова прашање треба да му го поставите на детето пред спиење за да му помогнете да се чувствува задоволно и среќно пред спиење.

Ако ова прашање стане ваша навика, подоцна на детето ќе му доаѓа природно да си го поставува.

За што си благодарен/на?

Одлично прашање кое треба да го поставите на семејната вечера. Секој член може да каже на што е благодарен тој ден.

Како ќе го решиш овој проблем?

Кога детето ќе ви се обрати за помош со некој проблем, поставете му го ова прашање со топол и заинтересиран тон.

Немојте да избрзате и вие да го решите место него бидејќи така не му правите услуга на долги патеки.

Ако детето ви одговори со “не знам“, вие кажете дека не сте сигурна и понудете му заедно да го пронајдете одговорот.

Како се чувствуваше?

Основниот дел од среќата е можноста да се забележат и изразат сопствените чувства. Ова е одлично прашање кога детето ќе ви раскаже дека нешто лошо му се случило.

Наместо да го игнорирате неговиот проблем и да му кажете “тоа не е страшно“, поставете му го прашањето за да ги изрази вербално своите чувства.

Што мислиш, како тој/таа се чувствува?

На овој начин можете да развиете емпатија кај детето со тоа што ќе го прашувате за чувствата на другите.

Што можеме од тоа да научиме?

Од секоја ТВ емисија, книга, прошетка, од секоја ситуација можеме да научиме нешто ново.

Животот е полн со прилики за учење. Среќни се оние луѓе кои се љубопитни и кои секогаш учат нешто ново.

Што сакаш да правиш викендов?

Истражувањата покажуваат дека очекувањето на позитивно искуство носи повеќе среќа отколку самото искуство.

Детето кое е возбудени цела недела за тоа што ќе добие сладолед за викендот е среќно дете исто како и кога возрасна личност планира патување шест месеци однапред е среќна во текот на тие месеци.

Кога се чувствуваш најсреќно?

Ако вниманието на детето го насочите кон искуствата во кои најмногу ужива, тоа ќе почне да сфаќа дека е подобро да го посветува своето време на активностите кои ги прават среќно бидејќи така се чувствува подобро.




Коментари

коментари