Категории

Прашања кои НЕ треба да му ги поставувате на почетокот на врската

Јасно дека кога сте со партнер кој многу ви се допаѓа сакате да бидете целосно отворени, но сепак постојат некои прашања од кои може да му се дигне косата на главата, секако ако ги поставите во првите два три месеци од врската…

# Во која насока иде нашата врска?

Момчињата не го сакаат ова прашање бидејќи им делува очајно. Тие сакаат авантура и предизвик особено на почетокот и не сакаат да ја дефинираат врската во првите неколку недели.

Едноставно опуштете се и дозволете времето да ја дефинира вашата врска.

# Мислиш ли дека сум дебела?

Скоро ниту еден маж не ја сфаќа смислата на тоа прашање. Тоа само ја открива вашата несигурност.

# Мислиш ли на поранешната?

Поранешната е поранешна. Немојте да му покажете дека се плашите и дека  несгурна.

# Дали сакаш да имаш деца еден ден?

Основно правило во секоја врска е да не избрзувате со прашањата за деца. Ќе помисли дека вршите притисок врз него и дека сакате да ја превземете контролата над врската.

# Кога ќе ме запознаеш со родителите?

Дозволете му тој да одлучи кога е вистинско време. Веројатно сака да биде сигурен во врската пред да помине на следниот чекор.

Прегледи:
313
Објавено на:
08.05.2016