Правете ги овие 3 активности секој ден и ќе се чувствувате посреќни и поубави

Постојаниот умор и незадоволството ни го уништуваат расположението, ни ги расипуваат односите со другите луѓе и негативно на нашиот изглед.

Затоа, кога ќе почувствувате дека ви се заканува лошото расположение, внесете ги овие промени во вашата рутина.

Наместо со обична вода, мијте го лицето со кисела вода. Таа содржи комбинација од минерали и витамини што се совршени за целиот организам, а особено за кожата. Со редовна употреба, вашата кожа ќе стане помека и посјајна, а со тоа и ќе ви се зголеми самодовербата.

Иако 8 чаши вода изгледаат како голема бројка при одржување на оптималната хидратација на вашето тело, целта ќе ви биде многу подостапна ако се залажете со лимон. Едноставно измијте еден лимон, исечете го на кругови и во секоја чаша ставајте по 1-2 круга. Лимонот ќе ослободи витамин Ц во водата, подобрувајќи го нејзиниот вкус и вашиот имунитет.

Ништо не може да го подобри расположението  како мирисот на омилениот парфем. А замислете секое утро да се будите со мирисот на вашиот парферм? Се што треба да направите е да нанесете неколку капки парфем на памук и да го ставите во навлаката на вашата перница. На овој начин соништата ќе се подобрат и ќе се разбудите во одлично расположение.




Коментари

коментари