Категории

Правила кои треба да ги следите за да го намалите обемот на колковите

Сите оние кои сакаат да го намалат обемот на колковите, треба да направат некои промени во исхраната и да имаат редовни физички активности.

Доколку се придржувате се на следниве правила, за кратко време ќе забележите дека фармерките на чудесен начин ви се прошириле.

Јадете повеќе протеини

Протеините како јајцата, рибата и белото месо се вистински избор доколку сакате да имате затегнати мускули и убава кожа.

Правете чучњеви

Најдобрата вежба за постигнување резултати кај овој дел од телото се чучњевите. Можете да ги правите во секоја прилика и во секој дел од денот. Почнете со 10 чучњеви и секој нареден ден зголемувајте за нови пет до десет.

Користете креми против целулит

Кремите односно препаратите против целулит ќе ви помогнат да ја измазните кожата на овој дел од телото.

Исфрлете го шеќерот

Доколку сакате да имате тенки колкови, треба да се откажете од колачињата и намирниците од бело брашно со висок гликемиски индекс, кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.  Што помалку јадете шеќер, тоа помалку ќе ви треба.

Опуштете се

Кога телото е под стрес, излачува кортизол, кој предизвикува таложење на масти токму во деловите на телото од кои се обидуваме да ги отстраниме. Затоа, треба да се храните здраво и да живеете здраво, вклучувајќи и умерена физичка активност.

Прегледи:
409
Објавено на:
06.12.2017