Правило на 3 бои за волшебно украсување на домот: Како да го декорирате домот за време на празниците во духот на љубовта и среќата

Потрудете се вашиот дом да биде исполнет со мир, топлина и љубов за време на празниците! Ви преставуваме интересни идеи за празнична декорација и златно правило за комбинирање во 3 празнични бои …

Семејната прослава го заслужува најубавиот ентериер!

 

Без разлика дали тоа е новогодишна ноќ, празничен ручек или роденден – треба внимателно да се процени вистинската мерка на украсување, бидејќи претерувањето со боите може да го претвори домот во вистински хаос.

Ви го препорачувмеа правилото од 3 бои – изберете една како основа и две за детали и дефинитивно нема да погрешите.

Познато е дека златните, црвените и белите нијанси се најпопуларни кога станува збор за празничен декор!

Ви претставуваме преубави празнични декорации во 3 бои за вашиот дом и трпеза која ќе го воодушеви вашето семејство и вашите гости!

 

  1. Бела декорација

Белото секогаш потсетува на чистота, хармонија и спокојство, што е совршена симболика за време на празниците. Декорациите во бело може да бидат совршено комбинирани со златна и црвена, а бидејќи нијансата е универзална, можете да ја искомбинирате и со други бои. Декоративните бели свеќи претставуваат неспоредлива декорација. Овие свеќи можете да ги ставите над каминот, во дневната соба, а најдобро ќе изгледаат на трпезариската маса.

Една од поинтересните декорации што ги инспирираше многумина е декорацијата со школки. Едноставна, а сепак толку оригинална, декорацијата со школки ќе изгледа совршено ако ги распоредите на трпезариската маса или ставете ги во чаши или чинии.

Можете исто така да ставите школки во бела нијанса во стаклен сад и да додадете мониста или бисери во златна нијанса. Оваа декоративна чинија ќе преставува совршена декорација и за дневната соба.

Можете исто така да направите со помош на жица и конец убава бела елка што ќе го рафинираат и разубават вашиот дом за време на новогодишните празници.

 

  1. Златна декорација

Златото е секогаш поврзано со нешто луксузно и празнично, но не мора да имате многу пари за да создадете декорација во оваа нијанса. Украсите на новогодишните елки, монистата, накитот и златните чинии се совршени празнични украси за вашиот дом.

Декорацијата што ги воодушеви многумина и што скоро секој би ја посакал во својот дом е кафези во златна нијанса и поубави сјајни пауни украсени со големи бели пердуви.

 

  1. Црвена декорација

Црвената е топла боја и секогаш е омилена во празничниот декор, не само поради својата прекрасна симболика, туку и поради нејзината убавина и одличната способност да се меша со други бои. Љубовта, огнот, топлината, радоста се само некои од прекрасните работи и емоции на кои асоцира црвената.

Слободно може да се каже дека црвената боја е боја на Новата година, затоа што ниту една новогодишна прослава не поминува без неа. Црвените украси на елката се секогаш одличен избор, како и мониста и цвеќињата во оваа боја. Трпезата со бели свеќи и црвени цветови или јаболка е вистински стилски хит што никој не го остава рамнодушен.

Со сите нијанси за декорација треба да се биде умерен, но особено со црвена затоа што е живописна боја. Потрудете се да искомбинирате црвена со други нијанси, а најдобрата идеја е да измешате бело со црвени детали.




Коментари

[fbcomments]