#ПразнициСеБлижат: Инспирација за празнична шминка!

НЕЖНА

Совршена подлога, нежно исцртани очи и розев кармин, согласно тенот.

ОКЕАНСКИ ОЧИ

Доколку имате сини очи, задимена шминка на очите со сина сенка би била полн погодок. Надополнето со кармин во розе/земјен тон.

СРЕБРЕНИ СОНИШТА

Можеби не за секој ден, но за празниците светките и сребрените сенки се добредојдени.

ПОД МАСКА

Тематска забава? Не е проблем. Маската е тука – мистериозно и секси.

ТЕМНО ВИНО

Во студените денови никогаш не може да се погреши со темен кармин. Погрижете се лицето да ви е беспрекорно, а очите понеутрално нашминкани.

ЗАДИМЕНИ ОЧИ

Едноставно, најверојатно нема никогаш да излезе од мода.

ЉУБОВ

Највпечатливиот кармин што го поседувате ви е и омилен? Одлично! Не ви треба ништо друго.

ЗЛАТНИ СНИШТА

Одлична е за празниците, а совршено стои на секого. Пронајдете ја најансата за вас и експериментирајте со боите.

ДАМА ВО ЦРВЕНО

Кога нема друго, црвената уста е тука. Погрижете се за беспрекорно лице и доволна ви е само маскара.




Коментари

коментари