Категории

Пред 20 години глумеше во епскиот „Титаник“ а таа улога и денес му носи заработка

Откако пред 20 години епската сага за бродот Титаник ја освои публиката и речиси сите можни Оскари, тоа значеше светска слава за Леонардо ДиКаприо и Кејт Винслет.

Но, во големиот број актери кои имаа речиси незначителни или некои помали улоги во оваа епска романтична драма беше и Рис Томпсон. Тој тогаш имаше само 5. години и го глумеше ирското дете кое со мајката и сестрата се удави во една од најемотивните сцени.

За таа улога добил 30 илјади долари, а во интервју за Business Insider открива дека овој филм и сега му носи по 200 до 300 долари годишно.

– Чудно е бидејќи воопшто не размислувам за тоа. Кога ќе се појави чекот, едноставно си помислувам дека имам уште сто долари повеќе – вели Томпсон.

Рис има 25 години и се занимава со дигитален менаџмент за едно скијачко одморалиште во Јута. Тврди дека никој во неговото семејство не ни можел да замисли дека Титаник ќе доживее таков успех.

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
297
Објавено на:
28.01.2018