Пред 5 години го изгубиле венчалниот прстен на плажа во Охрид, а сега го добија назад!

„Денес Георгина“, на плажата Акапулко во Охрид, во вода најде венчален прстен. Прстенот е изгравиран: Моника+Дејан 28.07.1998. Убаво би било ако можеме да го најдеме сопственикот. Ве молам споделете“.

Ова го објави Биби Ставреска, проследено со фотографии од прстенот пронајден на плажата Акапулко во Охрид. Воодушевени од нејзиниот гест, многумина ја споделија оваа објава, а поради тоа набргу Биби објави дека сопствениците се пронајдени и дека наскоро прстенот пак ќе биде вратен на своето право место.


 




Коментари

коментари